
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, беше бесен по ремито 1-1 на домашен терен со Удинезе, тврдејќи дека голот на нивниот противник дошол по играњето со рака на стрелецот Дестини Удоги. ВАР ја провери ситуацијата за која станува збор и реши да го признае погодокот.
„Нема сомнеж, во нивниот гол има очигледна игра со рака. Фудбалерот на Удинезе постигна гол со рака. Тешко дека во ВАР-собата не го видоа тоа, а ова е сериозна грешка која се покажа како клучна за крајниот резултат. Точно е дека не одигравме исклучителен меч, но голот мораше да биде поништен. Можеме само да се обидеме да го подобриме она што го контролираме, но кога велите дека моите играчи изгледаа нервозни, тоа беше поради ситуации кои не беа добро проценети од судиите“, изјави Пиоли.
Милан во моментот е лидер на табелата во Серија А со два бода предност пред Интер, кој има и еден одигран натпревар помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
