
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не можеше да не биде разочаран после ремито без голови против Џенова. Тој смета дека неговиот тим ги заслужил трите бода и едноставно немал среќа барем еднаш да ја испрати топката во мрежата на домаќинот.
„Резултатот секако остава горчлив вкус. Моравме да започнеме посигурно. Џенова е во добра форма и ни правеше проблеми во првите 20 минути, но потоа сигурно заслуживме повеќе со нашиот настап. Речиси идентично како и против Сасуоло, упативме 20 удари, но не постигнавме гол. Очигледно, треба да бидеме подобри во завршницата. Не треба да ја наведнуваме главата. Наскоро ќе им се вратиме на победите“, изјави Инзаги.
Интер е на втората позиција, со два бода заостанување во однос на Милан, но и со еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
