
Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен денеска ќе дебитира на официјален натпревар за Брентфорд, откриваат медиумите на Островот. Тој имаше тешки животни моменти на Европското првенство кога колабираше на теренот, а докторите едвај му го спасија животот.
Сега Ериксен ќе ја продолжи кариерата, но со вграден дефибрилатор. Поради ова мораше да го напушти Интер бидејќи Серија А не дозволува професионални фудбалери да настапуваат со срцеви аномалии.
По подолги преговори, Ериксен потпиша за Брентфорд. За овој клуб Ериксен веќе забележа два настапи на пријателски средби, а денеска треба да заигра повторно и во Премиер – лигата.
Брентфорд на домашен терен од 16 чаот го пречекува Њукасл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski