
Сосема е извесно дека финалето на Лигата на шампионите поради војната во Украина ќе биде преместено од Санкт Петербург, иако УЕФА се уште не го раскинала договорот со спонзорот „Газпром“, а, како што велат, го преиспитуваат тоа сценарио.
На маса наводно има пет решенија. Како што се претпоставуваше, прв фаворит е „Вембли“ во Лондон, кој има огромен капацитет, но тоа не е единствената опција.
Поради Брегзит, визи за Англија и слични работи може да се даде шанса и на Париз, на стадионот „Сен Дени“. На овој стадион кој има капацитет од околу 80.000 гледачи се одиграа две финалиња, но последното беше пред 16 години кога Барселона го победи Арсенал. Замислете ја еуфоријата доколку ПСЖ стигне до финалето.
„Сан Сиро“ е исто така еден од најпознатите стадиони во светот и свето фудбалско место. На ова место кое го носи официјалното име „Џузепе Меаца“ се одиграа четири финалиња, последното пред шест години кога Реал Мадрид на пенали го победи Атлетико Мадрид. „Сан Сиро“ треба да биде урнат по Зимските олимписки игри во 2026 година, па можеби ова е последна шанса.
Арената Јохан Кројф во Амстердам сè уште е еден од најмодерните стадиони во Европа, иако е изградена во минатиот век. Интересно е што само едно финале во Лигата на шампионите се одигра во Амстердам, во 1998 година, кога Мијатовиќ по повеќе од три децении со гол против Јувентус го прекина постот на Реал Мадрид во најважното европско натпреварување.
И на крај се споменува „Ла Картуш“, односно Олимпискиот стадион во Севилја, кој има одлична инфраструктура, како и самиот град и цела Андалузија. Таму Порто и Мурињо го освоија Купот на УЕФА во 2003.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
