
Италијанскиот првак Интер е во завршни преговори за ангажман на репрезентативецот Џанлука Скамака од Сасуоло, открива „Газета дело спорт“. Тој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ по завршувањето на оваа сезона.
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач бидејќи Џеко е на залез на кариерата, а раководството има намера да го продаде Лаутаро Мартинез на кого му одреди цена од 90 милиони евра.
Весникот тврди дека напаѓачот веќе има договор со Интер и „нероаѕурите“ се блиску до договор со Сасуоло за трансфер од 40 милиони евра.
Скамака оваа сезона на 24 меча постигна 10 гола за тимот на Сасуоло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
