
Каталонскиот гигант Барселона одигра одличен меч на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го совлада Наполи со 2-4, отворајќи си ја вратата од следната рунда во Лигата на Европа. По ремито (1-1) на „Камп Ноу“, тимот на Чави Хернандез дојде решен да победи и успеа тоа да го оствари.
Жорди Алба во осмата минута и Френки де Јонг во 13.минута го шокираа Наполи, а намали Лоренцо Инсиње од пенал во 23.минута. Сепак, Жерар Пике пред одморот ја врати предноста на два гола разлика.
Пјер-Емерик Обамејанг во 59.минута зголеми на 1-4, а вториот гол за Наполи беше дело на Матео Политано во завршницата.
Борусија Дортмунд не успеа да направи чудо по поразот дома (2-4) и одигра само 2-2 на гости кај Глазгов Ренџерс. Бетис и Зенит ремизираа без голови, а шпанскиот тим оди понатаму поради триумфот (2-3) на првиот меч.
Брага и Шериф Тираспол, тимот за кој настапува Бобан Николов, ќе играат продолженија, со оглед дека португалскиот претставник ја анулира предноста (2-0) од првиот дуел. Бобан Николов влезе во игра на почетокот на второто полувреме.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве се премислува за трансферот на Џејдон Санчо

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?
