
Италијанскиот калчолигаш Милан е заинтересиран за крилниот напаѓач на Тотенхем, Стивен Бергвајн. Холанѓанецот во лондонскиот клуб прејде од ПСВ Ајндховен во летото 2020 година во трансфер вреден 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на клубот, па менаџерот Антонио Конте не го гледа во тимот за следната сезона, иако има договор до 2025 година.
Бергвајн би ја зголемил конкуренцијата во Милан на сите три позиции во нападот, Холанѓанецот одлично се снаоѓа и на двете крилни позиции, а и во улогата на централен напаѓач.
24-годишниот фудбалер одигра 70 натпревари за Тотенхем и постигна седум гола, а забележа и десет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
