Connect with us

Анри: Зошто ли Челси го доведе повторно Лукаку?

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку летово се врати на „Стемфорд бриџ“ за 113 милиони евра од Интер. Вториот мандат се очекуваше да биде значително подобар, но неговите игри се далеку под очекувањата.


„Од самиот почеток се прашував – дали ќе се вклопи во тој тим? Кога ќе го донесете Лукаку, треба да го прилагодите на вашиот начин на игра или да го промените за да му одговара. Не мислев дека такво нешто ќе се случи. Потребно е време Ромелу да се прилагоди на стилот на игра на Челси, но не е лесно. Сакаат да вршат висок притисок, постојано се активни и често ги менуваат позициите во нападот. Лукаку сака да остане во средината, што му отежнува да се прилагоди на ситуацијата, но повторно ќе прашам, тогаш зошто го доведоа?“, коментира легендарниот Тиери Анри, кој соработува со Лукаку во селекцијата на Белгија, како дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез.

Посебно внимание предизвика последниот дуел во Премиер лигата против Кристал Палас, на кој Лукаку имаше само седум допири со топката.

„Дали е нормално што имаше само седум допири со топката? Не, не е нормално, без разлика дали го сакате тренерот или не. Тоа не треба да се случува. Тешко е да се разбере што се случило, но мора тоа да го надминат. Лукаку треба да најде начин да се прилагоди на нивниот стил на игра“, јасен е славниот напаѓач на Арсенал.

Ромелу Лукаку оваа сезона на 28 натпревари постигна 10 гола и забележа две асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови