
Италијанските гиганти Интер и Милан ја следат ситуацијата околу напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус. Бразилскиот репрезентативец се поврзува со заминување од „Итихад“ на лето.
Според „Calciomercato“, челниците на италијанскиот шампион се големи фанови на играта на Хесус, додека „росонерите“ бараат наследник на ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
Иако не е најдобар стрелец за „граѓаните“, Габриел Хесус има шест гола и девет асистенции на 25 натпревари оваа сезона. Пеп Гвардиола го помести на крилните позиции каде е многу покорисен со асистенции за своите соиграчи.
Доколку на „Итихад“ успеат да обезбедат нов квалитетен централен напаѓач на лето, а се цели на Хари Кејн, голема е веројатноста да се разделат со 24-годишниот Бразилец кој би заминал во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве се премислува за трансферот на Џејдон Санчо

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?
