
Атлетико Мадрид вечерва го пречекува Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Ќе биде тоа нова пресметка на ривалите по цели 30 години.
Тренерот на домаќините Диего Симеоне има многу проблеми со составувањето на тимот. Капитенот Коке, Даниел Вас и Матеус Куња се надвор од тимот, Јаник Караско е суспендиран, а Томас Лемар и Марио Хермосо се под огромен знак прашање. Аргентинецот ќе се потпира на брзината во нападот, каде има играчи како Жоао Феликс и Анхел Кореа.
Луис Суарез и Антоан Гризман најверојатно ќе стартуваат од клупата за резерви.
Вакви проблеми со составот нема неговиот колега Ралф Рангник. Од првата минута ќе стартува мегаѕвездата Кристијано Роналдо, кој често во кариерата погодуваше против Атлетико додека го носеше дресот на Реал Мадрид.
Против „душекџиите“ одигра 35 натпревари, на кои постигна 25 гола (3 хет-трика) и забележа девет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве се премислува за трансферот на Џејдон Санчо

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?
