
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд нема да може да смета на Ерлинг Халанд и во реваншот против Глазгов Ренџерс во плејофот за пласман во осминафиналето од Лига Европа. Германскиот тим го загуби првиот натпревар со 2-4 и му требаа голови на реваншот во Глазгов, бидејќи се надеваше дека напаѓачот треба да учествува.
На крајот, сепак беше одлучено тој да не патува за мечот бидејќи се уште не е во оптимална форма. Халанд не играше околу три седмици поради повреда на адукторот. Тој веќе неколку дена тренира нормално, но медицинскиот персонал смета дека не е 100% подготвен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
