Connect with us

Нов голем удар за Јувентус: Вестон Мекени ќе паузира три месеци

Италијанскиот калчолигаш Јувентус има уште еден проблем повеќе по натпреварот со Вилјареал (1-1) во Лигата на шампионите. Тренерот Масимилијано Алегри не може да смета на Киелини, Бернардески, Ругани, Киеза и на Дибала, а списокот се зголеми и со фудбалерот од средниот ред, Вестон Мекени.


Американецот заработи сериозна повреда, има скршеница на стапалото и ќе паузира околу три месеци.
Во финишот на натпреварот над него грубо стартуваше Еступинан, а Јувентус не доби ниту слободен удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови