Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, е суспендиран на два натпревари поради исклучување на мечот против Верона во Серија А.
Мурињо, незадоволен од судијата, на натпреварот во саботата (2-2) влезе на теренот и се расправаше со судијата Лука Паирето. Фудбалската федерација на Италија соопшти дека Мурињо „изнел сериозни обвинувања“ кон Паирето и влегол на теренот со „заканувачки став“.
Португалецот ќе мора да плати и парична казна од 20.000 евра.
Мурињо гестикулираше кон Паирето како да телефонира, што италијанските медиуми го протолкуваа дека асоцира на таткото на судијата, Пјерлуиџи Паирето, кој беше вмешан во скандалот за местење натпревари во Италија во 2006 година.
Португалецот поради суспензијата ќе ги пропушти натпреварите против Специја на гости и против Аталанта во Рим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













