Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, заработи повреда на мускулот поради која мора да паузира. Мадридскиот клуб ја потврди повредата на Коке денеска, ден пред натпреварот со Манчестер Јунајтед.
Ова секако е голем удар за тренерот Диего Симеоне во тежок период, кога неговиот тим е само петтопласиран во Ла Лига и далеку од минатогодишната шампионска форма.
Се уште не е познато колку ќе отсуствува Коке, а сега поголема одговорност во средниот ред се очекува да преземат Родриго Де Пол и Кондогбија.
Што се однесува до останатиот дел од играчкиот кадар, Антоан Гризман се опорави, но не е подготвен да го започне натпреварот и се очекува да биде на клупата. Повредени се и Куња, Вас и Лемар кои нема да бидат во составот против Јунајтед.
Натпреварот Атлетико Мадрид – Манчестер Јунајтед е закажан за утревечер од 21 часот на „Ванда Метрополитано“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













