
Вилјареал и Јувентус вечерва се соочуваат во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот на „Естадио де ла Серамика“ прави контраст на две екипи кои никогаш досега не се сретнале во ова натпреварување. Затоа е тешко да се предвиди што ќе се случи. Италијанците се фаворити, барем на хартија. Имаат сериозни амбиции и не сакаат да отпаднат во толку рана фаза, како што се случи во последните две изданија на елитното натпреварување.
Јувентус стигна до оваа фаза откако ја освоија група „Х“, забележувајќи пет победи и еден пораз. Тимот постепено почна да го наоѓа своето лице и станува се поопасен. За тоа придонесе и зимскиот шопинг. Раководството реши сериозно да инвестира и привлече две сериозни засилувања во Душан Влаховиќ и Денис Закарија. Веднаш го подигнаа нивото на тимот, а со тоа се зголемија и амбициите на „старата дама“ во Лигата на шампионите.
Сепак, Вилјареал е непредвидлив противник. „Жолтата подморница“ има квалитетен состав, а веќе стекна искуство и самодоверба со освојувањето на Лигата на Европа минатата сезона.
Вилјареал игра доста успешно против италијанските ривали, особено во елиминациските пресметки. „Жолтата подморница“ само еднаш загуби од тим од Серија А, а има шест победи.
Јуве има позитивен биланс против шпанските тимови во нокаут фазата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
