
Европскиот шампион Челси вечерва ќе се појави на сцената во осминафиналето од Лигата на шампионите. Лондончани продолжуваат да го бранат трофејот со дуелот против францускиот шампион Лил. Англичаните се фаворити во оваа пресметка, но мора да се земе предвид фактот дека Челси и не беше целосно убедлив за пласман во осминафиналето.
Французите сигурно ќе бидат многу инспирирани за овој дуел. Тимот по 15 години стигна до нокаут фазата во Лигата на шампионите и сега ќе сака да покаже за што е способен. Згора на тоа, на Лил не му оди најдобро во Лига 1, каде одамна знае дека нема шанси да ја одбрани титулата, а ќе мора да се бори и за пласман во Европа следната година. Фудбалерите на Жослен Гувернек немаат што да загубат во дуелот со Челси.
Челзи и Лил имаат само два меѓусебни меча во европските натпреварувања. Тие беа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Тогаш Англичаните забележаа две победи со 2-1. Сепак, лондончани немаат многу убави спомени од претходните елиминациски натпревари со француските клубови, бидејќи испаднаа во три од четири случаи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
