
Турбулентни седум дена за Едуард Менди, голманот на Челси и репрезентацијата на Сенегал. Прво ја освои африканската титула откако со Сенегал го победи Египет по продолженија и пенали, а денес по продолженија и 120 минути драма стана клупски светски шампион со Челси. Неговиот тим беше подобар од Палмеирас во финалето во Абу Даби.
Неверојатно, но вистинито, тој немаше освоено апсолутно ништо до 2021 година, а потоа со Челси го исвои трофеите во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, и Светското клупско првенство, а со Сенегал пехарот во Африканскиот куп на нации.
Едуард Менди има 29 години и е во неверојатен подем, а до пред неколку години не можеше ни да сонува за вакво нешто, посебно во годината кога беше резервен голман во францускиот второлигаш Реимс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
