Фудбалската федерација на Македонија ја презентираше Генералната стратегија „Обединети од фудбалот 2021-2025“, која претставува продолжување и надградување за развојот на фудбалот како најпопуларен спорт во Македонија, а секако и во светот.
Во присуство на селекторите Благоја Милевски и Драган Канатларовски, како и бројни фудбалски легенди, Вујадин Станојковиќ, Неџмедин Мемеди, Арбен Нухиу, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ја искажа посветеноста и амбициите за уште понапорна работа, подобрување и надградување на имиџот на македонскиот фудбал.

окажавме дека нешто не е недостижно со напорна работа и добра организација. Дури и пласман на најголемите натпреварувања, подобрување на фудбалската инфраструктура, поддршката за домашните клубови. И покрај тешкиот период предизвикан од пандемијата, горд сум што нашето фудбалско семејство никогаш не било поповрзано. Настапот на Европското првенство и обединетоста која не красеше се доказ за исправниот пат по кој чекориме. Сега желбата е токму досегашните успеси да ги надградиме преку новата генерална стратегија“, истакна претседателот Муамед Сејдини.
Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, ја презентираше стратегијата која е поделена во седум столба (имиџот и вклученоста, партиципација, натпреварувања, елитен фудбал, приходи, инфраструктура и добро раководење) како чекори низ кои треба да се развива македонскиот фудбал во целина.
На крајот, ФФМ најави стратегија и за женскиот фудбал – „Повеќе жени, повеќе голови“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













