Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар остана заглавен во Скопје откако за денеска се откажани летовите кон Истанбул, а потоа и Анталија, каде „црвено-црните“ треба да ја реализираат главната фаза од подготовките. Тимот остана во Скопје и засега ќе чека ден или два, информација дали временските услови во Истанбул ќе се подобрат за да бидат овозможени авионските летови.
Во истата „каша“ се најдоа и селекторите Благоја Милевски и Драги Канатларовски. Предводниците на А-тимот и на младата фудбалска селекција на Македонија до 21 година исто така имаа во план денеска да отпатуваат за Анталија и во наредните неколку дена да гледаат во живо натпревари на македонските клубови, односно тимовите каде настапуваат репрезентативци. Сепак, и нивното заминување сега е на „стенд-бај“.
Истанбул го нападна снежно невреме, незапаметено во последните дваесетина денови, градот во застој, а сите авионски летови се одложени на неодредено.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













