
Фудбалерот на Шкупи, Сабит Билали, смета дека одбраната ќе мора максимално да си ја одработи задачата на утрешниот прв четвртфинален натпревар од Купот на Македонија против Академија Пандев. Скопскиот клуб пред една седмица славеше над истиот ривал со 3-1 во рамките од Првата лига, но во таборот на Шкупи се свесни дека овојпат задачата ќе биде уште потешка.
„Сериозно му пристапивме на националниот куп и сакаме да стигнеме што подалеку во ова натпреварување. Првиот меч го играме на домашен терен, пред нашите верни навивачи, што сигурно ќе ни биде дополнителен мотив. Мислам дека како тим сме максимално подготвени за овој дуел, целта е да стигнеме до победа, но и да не примиме гол, со што би си ги зголемиле шансите за пласман во полуфиналето“, изјави Сабит Билали за клупската официјална веб-страница.
Тренерот Ќатип Османи за утрешниот натпревар повторно ќе го има на располагање Антонио Серџо, но во тимот нема да се појават Исени и Адили.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
