Connect with us

Даде спектакуларен гол со „ножички“, а беше поништен со „новиот“ офсајд (ВИДЕО)

На денешниот меч меѓу Мавританија и Обединети Арапски Емирати, беше постигнат спектакуларен гол во 69. минута, но потоа беше поништен со новиот полуавтоматски систем за офсајд на ФИФА: Играчот на ОАЕ, Али Салех, со „ножички“ ја затресе мрежата на противникот, но неговата радост траеше кусо.


Новиот полуавтоматски систем за офсајд сигнализираше недозволена ситуација и погодокот беше поништен.

Поставени се камери на кровниот дел од стадионот, кои имаат за задача да ги следат движењата на фудбалерите и потоа да ги известуваат судиите кога играчот е во недозволена ситуација.

На крајот, ОАЕ сепак победи со 1-0 и тоа со гол во 93 минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови