
Германскиот стратег Ралф Рангник од утре треба да ја преземе менаџерската функција на „Олд Трафорд“ и од него се очекува да донесе новини во тимот на Манчестер Јунајтед. Оле Гунар Солскјер имаше на располагање одлични фудбалери, но тимските резултати изостанаа.
Се очекува Рангник да направи и одредени промени во тимот, а веќе го има таргетирано и првото засилување. Тоа е Амаду Хајдара кој е член на неговиот поранешен клуб Лајпциг. 23-годишниот централен играч за врска игра одлично во Бундес – лигата, а би можел да дојде веќе во јануари за сума од 33 милиони фунти, колку што изнесува отштетната клаузула.
Манчестер Јунајтед имаше големи амбиции оваа сезона, но во моментот е далеку и од позициите кои водат во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
