Барселона ја оствари само првата победа на гости на тешкото гостување кај Вилјареал, но имаше и среќа. Каталонците во финишот славеа со 1-3, но впечаток е дека Вилјареал беше поблиску до победа и не заслужи да загуби.
Унаи Емери ги обвини судиите, тој смета дека Жерар Пике играл со рака во шеснаесетникот и дека неговиот тим заслужил чист пенал.
Од друга страна, на самиот старт од мечот, Дани Парехо го нагази Бускетс и многумина сметаат дека судијата морал да гледа ВАР и да покаже црвен картон.
Лошиот судија предизвика тензии во текот на натпреварот, судијата немаше контрола иако се однесуваше како се да е сосема нормално.
Емери на крајот одби да се ракува со Чави, а членовите на стручниот штаб му кажаа на тренерот на Барса дека влијаел на судиските одлуки, што довело до физичка пресметка во тунелот. Емери не можеше да го поднесе поразот, а по натпреварот зборуваше само за судењето.
„Го гледав натпреварот Барселона – Еспањол минатата недела и мислев дека тоа не е пенал, но судијата го дисуди. Сега не ни досудија чист пенал. Мислам дека не се среќни ниту во Барселона затоа што е очигледно дека судиите ги туркаат“, изјави Унаи Емери.
Чави одговори дека судиите често грешат, некогаш на штета на една, некогаш на друга екипа.
„Очекував дека Емери ќе ми подаде рака. Не го разбирам неговото однесување. Такви работи се случуваат на теренот, но тие престануваат кога судијата ќе отсвири крај и тогаш ние покажуваме почит кон ривалот и се ракуваме. Не сакам да зборувам за судиите, тие имаат напорна работа. Не можам да судам дали беше пенал или не. Има и ВАР. Судиите ја имаат мојата голема почит, еден ден вие ќе бидете оштетени, другпат вашиот ривал “, истакна Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













