
Александре Лаказет и јавно призна дека ќе го напушти Арсенал по завршувањето на сезоната. Договорот на францускиот напаѓач со „топчиите“ истекува на лето и тој откри дека сака да ја промени средината.
Оваа сезона Лаказет не е прв избор кај менаџерот Микел Артета и добива шанса само од клупата, а собра само седум настапи во Премиер – лигата. Поради ова се чини дека ги игра последните месеци во Лондон.
„Моите агенти почнуваат да бараат ново место. Има уште многу непознати, но претпочитам да почекам до јануари и потоа да донесам некои одлуки“, изјави напаѓачот, кој дојде во Арсенал од Лион во 2017 година.
За четири години во дресот на „топчиите“ забележа 180 настапи, постигна 68 гола и имаше 29 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
