Борусија Дортмунд е нов лидер во Бундес-лигата, барем до одигрување на мечот меѓу Баерн Минхен и Арминија Билефелд. „Милионерите“ славеа со 1-3 на гостувањето кај Волфсбург и се искачија на врвот со 30 бода, два повеќе од Баерн.
Волфсбург поведе преку Вегорст уште во втората минута, но израмни Емре Џан од пенал во 35.минута, а Дониел Мален дваесет минути подоцна се погрижи за целосен пресврт. Ерлинг Халанд се врати по повредата, влезе во игра во 73.минута и осум минути подоцна се запиша меѓу стрелците.
Хофенхајм со неверојатни 3-6 го победи Гројтер Фурт на гости, а Ихлас Бебу беше стрелец на хет – трик. Келн со 4-1 ја совлада Борусија Менхенгладбах, а Бохум славеше со 2-1 против Фрајбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













