Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл во квалификациите за СП откако загуби со неверојатни 0-11 од селекцијата на Северна Ирска. На комплексот на ФФМ, избраничките на селекторот Кирил Изов беа апсолутно инфериорни и примија дури единаесет гола.
Овојпат во тимот на Македонија го немаше најдобрите, Наташа Андонова, Гентјана Рочи, Ели Јаковска, не играа уште неколку стандардни фудбалерки, но и тоа не е оправдание за кошмарниот пораз.
Северна Ирска поведе во четвртата минута преку Фурнес која до крајот реализира хет – трик. Мегил постигна четири гола, а во листата на стрелците се запишаа и Мекена, Вејд, Мекгинес и Халовеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













