
Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо ја донел конечната одлука дали ќе остане на „Камп Ноу“ по интересот од англискиот премиерлигаш Њукасл. Клубот со нови богати сопственици сака да привлече засилувања веќе во јануари со цел да обезбеди опстанок во елитата, а Кутињо го гледа како едно од приоритетните имиња.
Сепак, Кутињо размислувал за заминување од клубот пред доаѓањето на Чави, но сега се премислува и сака да остане. Како што открива каталонскиот „Спорт“, Бразилецот сега донел конечна одлука дека ќе одбие секаква понуда за заминување од Барселона во јануари.
Чави Хернандез му ветил на Кутињо дека ќе му даде нова шанса да се докаже во дресот на Барса и тој се согласил да остане најмалку до крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
