Connect with us

Пикси: Му реков на Митровиќ дека ќе го реши мечот, а последните четири минути не ги гледав

Фудбалската репрезентација на Србија оствари пласман на Светското првенство во Катар. Во решавачкиот меч ја совлада Португалија со 1-2 и ја испрати во баражот каде ќе биде еден од потенцијалните ривали на Македонија.


Селекторот Драган Стојковиќ открива како морал да му каже на стрелецот Александар Митровиќ дека ќе започне од клупата, но дека ќе игра во вториот дел и очекува од него да го реши мечот.

„Одлуката му ја соопштив за време на прошетката, на денот на натпреварот. Излеговме по ручекот, зад хотелот во парк и додека се враќавме во хотелот разговаравме и му кажав нешто што целосно го разбра. Тој ја прифати мојата одлука секако без никаква дискусија. Искрено му објаснив. Му реков дека во таа формација е подобро да го започнеме натпреварот без него. Му објаснив дека првото полувреме не е важно, дека ништо не решава. Второто полувреме беше период кога се ќе се решава и треба да биде подготвен зошто тогаш ќе ја завериме визата за Катар. И така и беше. Најважно е што фудбалерите ми веруваат, успеав да ги убедам да ми веруваат“, вели легендарниот Пикси.

Интересно е дека српскиот селектор воопшто не ги гледал последните четири минути од мечот, судиското продолжение кое следеше по голот на Митровиќ за 1-2.

„По голот на Митровиќ, кога ја видов таблата дека останаа уште четири минути, реков дека не можам да гледам и отидов во соблекувалната. Некои мислеа дека сум болен, но едноставно не можев да гледам. Тие четири минути беа вечност за мене. Знам што може да се случи во тој период, илјада ситници кои може да те чинат многу. Бев мирен во соблекувалната бидејќи не слушнав татнеж од трибините и знаев дека се е в ред. Кога излегов низ тунелот назад Ги видов Португалците на теренот со наведнати глави. Тогаш се ми беше јасно. Набрзо видов бели дресови како слават и веќе немав никакви дилеми”, раскажува Драган Стојковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови