Легендарните фудбалери на Вардар и македонски фудбалски репрезентативци од првата генерација, Дарко Панчев и Бобан Бабунски, дојдоа во посета на младиот национален тим до 21 година во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар против Франција. „Триколорите“ се големи фаворити, но во фудбалот секогаш не победуваат селекциите со позвучни презимиња.
Селекторот Драган Канатларовски ги повика некогашните соиграчи и добри пријатели да се подружат со младите фудбалери како еден вид дополнителна мотивација пред големиот дуел.
Натпреварот меѓу младите селекции на Македонија и на Франција ќе се одигра вечерва, со почеток во 18.30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













