
Македонија оствари огромен успех со пласманот во баражот за Светското првенство, а честитки стугнуваат од сите страни. Порака упати и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, легендарниот Дејан Савичевиќ.
„Почитуван, претседателе Сејдини, во свое и во име на ФС на Црна Гора ја користам оваа прилика на вас, на селекторот Милевски, на играчите, членовите на стручниот штаб, вработените во ФС на Македонија и на сите навивачи на фудбалската репрезентација да им го честитам пласманот во баражот за Светското првенство кое во 2022 ќе се одржи во Катар. Македонија уште еднаш покажа дека со упорна и одговорна работа секоја мала земја и мал сојуз може да направи големи резултати и да се најде во шанса рамноправно да се бори со великаните на европскиот фудбал за учество на едно големо натпреварување. Сигурен сум дека вашиот национален тим ќе знае да ги искористи искуствата стекнати во баражот за пласман на ЕП 2020 и ќе успее во намерата за уште еден историски успех и пласман на финалниот турнир на СП. Ви посакувам многу среќа во баражот и пласман на Мундијалот во Катар. Уверен сум дека сите во Црна Гора од срце ќе навиваат за Македонија на мартовските натпревари“ – се вели во честитката од Дејан Савичевиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal