
Англискиот премиерлигаш Норич го именуваше Дин Смит за нов менаџер и му ја довери клупата во продолжение од сезоната. Иако Франк Лампард беше во завршни преговори за оваа позиција, сепак, на крајот раководството на клубот одлучи да му даде доверба на поранешниот стратег на Астон Вила.
Дин Смит е еден од оние стратези кои работат на долг рок. Норич е само четвртиот клуб во неговата кариера, а претходно ги водеше Валсал (260 натпревари), Брентфорд (143 натпревари) и Астон Вила (138 натпревари).
„Канаринците“, иако имаат ист број бодови со Њукасл, поради гол-разликата се последнопласирамниот тим во Премиер – лигата. Вотфорд е на 17. место и е прв над зоната за испаѓање, а досега има собрано двојно повеќе бодови од Норич.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
