
Капитенот Стефан Ристовски беше неверојатно емотивен на средбата со новинарите по триумфот над Исланд. Ја покажа капитенската лента која ја земал од Горан Пандев и неговото „збогум“ против Холандија на Европското првенство и знаел дека ќе донесе среќа против Исланд.
Но, ја кажа суштината на успехот на фудбалската репрезентација на Македонија. Големото фудбалско семејство не се дели, максимално е обединето, и затоа се редат успеси.
„Убаво е ова, исполнет сум емоции и горд сум што говорам пред сите за овој успех. Натпреварот колку и да звучеше пред стартот дека ќе бидеме релаксирани, притисокот си го правеше своето. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на ЕП, за бараж на СП… Денес, Македонија им ги отвори очите на сите во фудбалскиот свет. Како што напоменав пред меч, квалитетот излезе на површина. Имаме одлични играчи, носители на играта во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Околу публиката… драго ми е што го израдувавме овој народ. Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец… црн, бел… туку има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до тука кадешто сме. Македонскиот народ го мачат многу нешта, сега ова доаѓа како момент што го сплотува, Македонија и овој народ заслужува вакво нешто“, изјави Стефан Ристовски.
Македонија е една од 12-те селекции кои преку бараж ќе се борат за пласман на Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
