
„Гранде Елмас“. Повеќе од достоен наследник на својот учител „Гранде Пандев“. Со два гола го урна Исланд (3-1) во Скопје и го трасираше патот на Македонија во баражот за Светското првенство. Младата ѕвезда на Наполи блесна во полн сјај на арената „Тодор Проески“ и го растресе светот.
На Апенините се воодушевени од неговиот настап кој предизвика вистински земјотрес и на Пиринеите. Најголемите европски гиганти, Реал Мадрид и Барселона тргнуваат по македонскиот дијамант, открива „Тутомеркатовеб“.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одлично ги познава квалитетите на Елиф, тој беше најзаслужен за неговиот трансфер од Фенербахче во Наполи кога беше на кормилото на тимот од Неапол. Сега е предводник на „кралевите“ и би сакал да го има Елиф Елмас на „Сантијаго Бербнабеу“.
И Чави Хернандез, новиот тренер на Барселона, посакува да го има Елиф Елмас во својот тим. Тој сака да направи голема реконструкција на каталонскиот тим, да доведе нови млади ѕвезди кои би го вратиле сјајот на составот од „Камп Ноу“. На неговиот список се наоѓа македонскиот дијамант.
Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, но кога ќе се јават Реал Мадрид и Барселон, тогаш никој не размислува премногу, само вели „ДА“…


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
