Connect with us

Милевски: Благодарност до Ангеловски, Пандев и тие се дел од успехот…Оваа Македонија може многу

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари голем успех со пласманот во бараж за Светското првенство во Катар. Триумфот над Исланд (3-1) не одведе до конечното второ место на табелата и дополнителен турнир во март следната година.

Селекторот Благоја Милевски доби громогласен аплауз и од новинарите откако претходно „леташе“ на рацете на фудбалерите. И многу коректно, во овој успех како многу заслужни ги вклучи сите кои беа дел од Македонија во овие квалификации – неговиот претходник Игор Ангеловски, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој се пензионираше по Европското првенство и сите останати учесници.

„На самиот старт сакам да се заблагодарам на честитките, но и да напоменам дека голем дел од успехот оди на адреса и на мојот претходник, како и на сите фудбалери кои играа во овие квалификации, сите сме Македонија. Одигравме еден одличен натпревар, постигнавме три гола, имавме дваесетина шута кон голот на противникот. И драго ми е што имаме многу лидери, што на секој натпревар некој друг се истакнува…Ок, сега Елмас, претходно Барди, сакам сите да се чувствуваат лидери кога се на теренот. И сакам да кажам дека фудбалерите дадоа огромен придонес, тие се најзаслужни, а морам да кажам дека оваа Македонија може и многу повеќе. Уверен сум во тоа и затоа ќе работиме напорно, за да бидеме уште подобри“, изјави Благоја Милевски на прес – конференцијата по мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови