
Познати се официјалните состави за денешниот квалификациски дуел меѓу Македонија и Исланд. Селекторот Благоја Милевски без изненадувања, ќе го испрати на терен најавениот состав. Столе Димитриевски е на голот, Муслиу и Велковски како стоперски тандем, а Стефан Ристовски и Алиоски по страничните позиции. Во средниот ред ќе делуваат Барди, Костадинов и Елмас, а на крилните позиции Трајковски и Чурлинов, Во нападот најистурен ќе биде Милан Ристовски.
Исланд исто така игра во офанзивна формација, со Гудјонсен, Гудмундсон и Торстенсон во напаѓачкото трио. Бјарнасон го предводи средниот ред, заедно со Тордерсон и Јоханесон.
На голот е Олафсон, а во одбраната Саеварсом, Гретарсон, Бјарнасон и Торансон.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
