
Рахим Стерлинг би можел да го напушти Манчестер Сити во зимскиот преоден рок и да се пресели во Барселона. Последните информации на шпанските медиуми велат дека англискиот репрезентативец ќе дојде во Каталонија на позајмица до крајот на сезоната. Тоа најмногу би и одговарало на Барселона со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа во моментот.
Сепак, Манчестер Сити се согласува на позајмица, но сака во договорот да има задолжителна откупна клаузула, односно Барселона да биде обврзана да потпише договор со Стерлинг по истекот на позајмицата. Цената на трансферот би била околу 50 милиони евра.
Стерлинг неколкупати изјави дека не би имал ништо против да ја промени средината. Оваа година Англичанецот е во втор план кај Пеп Гвардиола, па речиси сигурно е дека ќе направи се што поскоро да го напушти „Итихад“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
