
Њукасл е во фаза на трансформација и се очекува да инвестира огромни суми пари во засилувања во текот на зимата за да се спаси од испаѓање. Новиот менаџер Еди Хау веќе направи листа на потенцијални засилувања.
На списокот се дури тројца играчи на Манчестер Јунајтед. Прва желба е голманот Дин Хендерсон, кој сезонава е постојана резерва на Давид де Хеа, а тука се и Џеси Лингард и Дони ван де Бек.
Лингард одлично се снајде додека играше во Вест Хем како позајмен играч, а по враќањето во Манчестер повторно игра малку и нема многу шанси да покаже што знае. Што се однесува до Холанѓанецот, тој одамна е решен да го напушти Јунајтед и би можел да се пресели во Њукасл во потрага по минутажа.
Покрај тоа, Њукасл ќе се обиде да доведе уште неколку ѕвезди како Фелипе Кутињо од Барселона, но се верува дека многу поголеми ќе бидат реализирани на крајот од сезоната, односно во летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski