Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува Исланд во последниот меч од квалификациите за СП 2022 во Катар. Тоа е последниот чекор за да се грабне мундијалскиот бараж, а коцките се наместија Македонија сама да одлучува за својата судбина. Останува да се направи последниот потег – да се одигра добро и да се победи Исланд.
Лесно е да се изговори, но ќе мора да се оствари и на теренот.
Селекторот Благоја Милевски нема да прави големи промени од тимот што одигра феноменално во Ереван и ја победи Ерменија со 0-5. Во составот единствено се враќа капитенот Стефан Ристовски на десната странична позиција. Стефан Ашковски беше одличен на тоа место во Ереван, беше асистент за првиот гол на Александар Трајковски, но, сепак, тоа не е негова природна позиција.
На голот е Столе Димитриевски, централното стоперско дуо го сочинуваат Дарко Велковски и Висар Муслиу, а на левата страна ќе игра Езгјан Алиоски.
Средниот ред ќе го предводи Енис Барди, кој имаше феноменачен меч во Ереван, заедно со Тихомир Костадинов и со Елиф Елмас.
На крилните позиции треба да бидат Дарко Чурлинов и Александар Трајковски, а на централната напаѓачка позиција, Милан Ристовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд почнува во 18 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје и нашите момци ќе имаат поддршка од околу 17.000 фанови. Дозволен е половина од капацитетот на стадионот поради ковид-протоколите и билетите се веќе распродадени.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski