Капитенот на исландскиот национален тим Биркир Бјарнасон вели дека тој и неговите помлади соиграчи ќе се обидат да го потврдат квалитетот на утрешниот меч против Македонија. Тие имале амбиции за освојување на второто место, но и сега кога не можат да го достигнат, ќе играат максимално мотивирано во националниот дрес. Тој верува дека Исланд може да оствари успех на дуелот во Скопје.
„Имавме поинакви планови во овие квалификации, го посакувавме второто место. Не сме среќни со резултатите што ги остваривме и со пласманот на табелата, но затоа сакаме да одиграме максимално мотивирано до крај. Имаме смена на генерација, дојдоа нови млади и талентирани фудбалери на кои им треба малку време за да можеме повторно да бркаме подобро резултати“, изјави Бјарнасон.
Тој на мечот против Романија во Букурешт го одигра 104. натпревар во дресот на исландската фудбалска репрезентација и стана нов рекордер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













