
Исланд беше нашата „црна точка“ во овие квалификации поради ремито (2-2) во Рејкјавик, но одеднаш се претвори во „цунами“ за Романците. Откако одиграа без голови во Букурешт, сега Исланѓаните повторно и отворија шанса на Македонија да се бори за место во баражот за СП.
Но, селекторот Арнар Видарсон им вети на Романците дека Исланд максимално ќе се бори за позитивен резултат и во Скопје. Дури, малку и на шега, ги праша дали ќе му купат пиво ако ја сопре Македонија в недела. Тоа секако би ги одвело Романците во баражот, со оглед дека играат против Лихтенштајн и планираат три бода од тој дуел.
„Среќен сум што остваривме реми во Букурешт, а се согласуваме дека тоа е тажна ситуација за репрезентацијата на Романија на која и беа потребни три бода во борбата за бараж. Се надевам дека ќе одиграме еднакво добро и во Македонија. И бидејќи Романците беа многу пријателски расположени, се надевам дека ќе можеме да им помогнеме. Сега сакаме да извлечеме добар резултат и во Скопје. Ако успееме, ќе се вратам овде да ми купите пиво“, изјави селекторот на Исланд.
Македонија имаше водство од 0-2 на гостувањето на Исланд со головите на Дарко Велковски и на Езгјан Алиоски, но во финишот Исланѓаните израмнија на 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
