Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на еден чекор до историски пласман во бараж за Светско првенство. Сега сами решаваме за својата судбина и триумф над Исланд в недела во Скопје ќе не внесе меѓу 12 потенцијални патници на Светското првенство.
Но, тоа нема да биде класичен бараж, еден натпревар, туку ќе треба да се минат уште две пречки до рајот – пласманот на Мундијалот во Катар.
По завршувањето на квалификациите, 12 второпласирани репрезентации ќе се изборат за бараж. Потоа по пат на ждрепка, на 26 ноември, ќе бидат поделени во три групи од по четири репрезентации. Македонија според рејтингот, сигурно ќе биде меѓу неносителите, и ќе мора да игра на гости против селекции кои како Полска, Шкотска, Австрија, Велс, Србија, Шведска, Хрватска, Чешка, Украина, Норвешка (се уште не се потврдени кои ќе бидат второпласирани селекции во групите). Ако победи во тој меч, тогаш ќе игра финале во својата група, со победникот од второто полуфинале.
Ова значи дека патот до СП во Катар е неверојатно тежок во баражот, но за Македонија во моментов е најважно да го обезбеди.
Бараж натпреварите треба да се одиграат на 24/25 и 28/29 март 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













