Исланд…Ах, тие два бода. Имавме победа в џеб и ја испуштивме… Имавме одлична игра, сигурно водство од 0-2, а Исланѓаните речиси и да не го видоа голот на Столе Димитриевски.
И тогаш, кога помисливме дека е готово, Исланд тргна на се или ништо, Македонија беше невнимателна и за миг резултатот се промени во 2-2. На крајот, во судиското продолжение, ја „извадија“ топката и самата гол – линија. Остана 2-2.
Помисливме дека тоа кобно реми ќе го однесе во ветар баражот за СП. Но, повторно Исланд ни ја врати надежта. Одигра реми без голови, издржа во Букурешт против Романија и в недела ќе ни гостува во Скопје.
Ни „должи“ Исланд…Но, сигурно нема така лесно да се предадат Исланѓаните, тоа не е во нивниот карактер. Ќе играат храбро до крај за својот национален дрес. Во секој случај, сега Македонија сама решава за својата судбина.
В недела…СИТЕ НА СТАДИОН!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













