Шкупи одигра пријателски натпревар против Бешикташ во Истанбул. Загуби со 3-0, но доби едно ново искуство. Тренерот Гоце Седлоски вели дека искуството од овој меч ќе значи многу за тимот.
„Добар натпревар против голем тим како Бешикташ. Му благодарам на претседателот на Шкупи кој ни го овозможи ваков натпревар на овој многу убав стадион. Им дадов можност на сите играчи да играат. Заслужена победа на Бешикташ, имаат тим со одлични играчи. Бевме фантастично пречекани, а сега се враќаме во Скопје и продолжуваме да се подготвуваме за натпреварите кои нè очекуваат во првенството“, изјави Гоце Седлоски.
Бешикташ го совлада Шкупи со головите на Топал, Тешеира и Јалчин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













