
Македонскиот прволигаш Работнички со реми (1-1) против Пирин Благоевград ги стартуваше пријателските натпревари на подготовките во Анталија. „Романтичарите“ поведоа со голот на Давид Тошевски во 45.минута, а бугарскиот тим израмни во 84.минута од дуелот.
Работнички може да жали за триумфот, со оглед дека во 28.минута Себастијан Херера не реализира пенал. Неговиот шут заврши крај голот на Пирин Благоевград.
Работнички поведе во самиот финиш од првото полувреме. Херера изведе слободен удар од 17 метри, голманот на Пирин ја одби топоката, а Давид Тошевски ја смести во мрежата.
Пирин Благоевград израмни во 84.минута, кога по еден брз противнапад ја затресе мрежата на Шишковски, кој бранеше во вториот дел.
Тренерот Ратко Достаниќ го стартуваше натпреварот со следниот состав: Јанков, Силјановски, Велковски, Јенбену, Херера, Стојков, Јевтовски, Тодоровски, Шаркоски, Петковски, Тошевски. Во второто полувреме влегоа: Шишковски, Николовски, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Вецевски, М. Тошевски, Максимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона
