
Работнички направи голема реконструкција во составот во зимскиот преоден рок. Промени има и во стручниот штаб откако за асистент на шефот Ратко Достаниќ е именуван Баже Илијоски, поранешниот истакнат фудбалер на клубот од Дебар Маало. Тој почнува нова кариера и ќе го учи тренерскиот занает, а неговото искуство секако ќе биде драгоцено за актуелниот играчки кадар.
„Верувам дека со напорна работа Работнички ќе се врати на старите победнички патеки, а јас отворам еден нов сегмент во животот, во клубот кој дадов најмногу и како фудбалер. Не се сомневам дека ќе научам од Ратко Достаниќ и се надевам дека ќе можам да помогнам со моето досегашно искуство“, вели Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.
Работнички во зимската пауза доведе девет нови имиња. Јаник Дао (Австралија), Бранислав Трајковиќ (Србија), Драшко Ѓорѓевиќ (Србија), Христијан Пецов и Дин Аломеровиќ се засилувања за одбраната, Милош Тошевски, Јордан Ломба (Белгија) и Христијан Вевецски треба да ја засилат конкуренцијата во средниот ред, а Марио Крстовски кој дојде на позајмица од Академија Пандев е ново име во нападот на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
