Connect with us

Лажна вест? Турскиот гигант Бешикташ негира соработка со Вардар

Минатата недела, одекна информација дека македонскиот фудбалски клуб Вардар остварил соработка со најтрофејниот турски клуб, Бешикташ. ФК Вардар дури и сподели слика на социјалните мрежи со шефот на скаутинг службата на Бешикташ, Бајрам Билим.

Денес, се огласија и “црно-белите”, тврдејќи дека оваа вест, сепак, е невистинита.

“Веста која се појави за договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонски Вардар не е точна. Најљубезно ги молиме нашите навивачите да не даваат внимание на вакви вести, туку на нашите информации достапни за јавноста”, велат од Бешикташ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови