Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација, Пабло Гави, сè уште има проблеми со коленото.
Тој го пропушти гостувањето кај Рајо Ваљекано поради болка и оток во коленото, кое му беше повредено кога паузираше една година.
Поради тоа, лекарите на Барселона се многу загрижени, особено затоа што Гави сè уште не можел да изврши лекарски прегледи поради отокот.
Младиот фудбалер е исклучен и од списокот на селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуента, а сигурно ќе го пропушти и натпреварот против Валенсија следниот викенд.
Ханси Флик веќе има проблеми во средниот ред, бидејќи Фермин Лопез и Дани Олмо се надвор од форма на стартот на сезоната, додека Марк Касадо не ги исполни очекувањата кога доби шанса на гостувањето кај Леванте.
Полесна повреда за време на оваа пауза доби и Ламин Јамал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













