Баерн Минхен покажува интерес за дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Гехи, тврдат германските медиуми. Бааварците се приклучуваат на растечкиот список на европски клубови кои ќе се обидат да потпишат со англискиот репрезентативец.
Марк Гехи беше пред трансфер во Ливерпул, но во последен момент договорот пропадна. Договорот на дефанзивецот со Кристал Палас истекува следното лето, што го прави примамлива опција за многу клубови.
Бааварците се еден од клубовите кои ја следат ситуацијата внимателно и се подготвени да му понудат договор на Гехи. Интерес за него покажале и Барселона и Реал Мадрид, а Ливерпул исто така не се откажува од дефанзивецот.
Марк Гехи сигурно нема да потпише нов договор со Кристал Палас, што значи дека од 1 јануари 2026 година може да преговара со други клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













