Раководството на Рома и Пауло Дибала се наоѓаат многу блиску до договор за продолжување на соработката, пренесува „Кориере дело Спорт“. Аргентинецот не само што е лидер на теренот, туку има и големо влијание од маркетиншки аспект.
31-годишниот офанзивец сè уште е број еден по продажба на дресови на „волчицата“ од неговото пристигнување на „Олимпико“ во 2022 година, а воедно е и најбаран од спонзорите.
Актуелниот договор на Дибала трае до крајот на сезоната, но самиот фудбалер е јасен дека сака да остане во клубот.
Новото засилување на клупата, тренерот Џанпјеро Гасперини, е подготвен дури и да му ја довери капитенската лента.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













