Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ја оствари првата победа во квалификацискиот циклус славејќи против Ерменија во Ереван со 1-2. Марко Ѓорѓиевски во 25.минута и Методи Максимов во 84.минута беа стрелци на головите за нашиот национален тим кој доминираше на овој натпревар.
Уште на самиот старт Македонија најави дека сака да ја оправда фаворитската улога, се закани Марко Ѓорѓиевски, а Јован Манев ја погоди стативата. Следен кој се обиде беше Рустемоски, а Ерменците возвратија преку Галштјан, но Денковски беше сигурен. Во 25.минута, Антовски изведе слободен удар, а Марко Ѓорѓиевски со одличен удар со глава ја затресе противничката мрежа.
Во второто полувреме Марко Ѓорѓиевски имаше уште две добри шанси, а вториот погодок го постигна Методи Максимов во 83.минута, на асистенција на Лука Станковски.
Во следната акција, Лука Станковски имаше можност да ги разреши дилемите, но не успеа, а Ерменија намали со голот на Нарек Григорјан во 90.минута. Имаше шест минути судиско продолжение, а Македонија успеа да го одбрани триумфот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













